Маџари го совлада Гостивар и се пласираше во 1/4 финалето на Купот

Кошаркарите на Маџари убедливо го совладаа составот на Гостивар со 82-59, и така се пласираа во 1/4 финалето на Купот на Македонија. Победата во голема мера Маџари ја обезбеди во првото полувреме после кое замина со предност од 22 поени разлика.

Во третиот период Гостивар се обиде да се врати, и стигна до едноцифрена предност на стартот од последниот период. Меѓутоа како одминуваше времето, Мазари повторно стигна до солидна разлика, која успеа да ја задржи до крајот и да слави.

Грин го предводеше Маџари со 15 поени, а исто толку постигнаа Димитриевски и Младеновиќ кај Гостивар. Хот исто така се истакна кај победничкиот тим со 14 поени и 10 скока.

Се вчитува...