Маџари ја доби “битката за Гази Баба” против Феникс (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Маџари ја добија соседската битка против Феникс со 83-78 во драматична завршница. Домашните кошаркари на крајот беа со посилни нерви, и славеа триумф од 85-80, што беше нивна петта победа во домашниот шампионат.

Дуелот помина со многу пресврти меѓу двата тима. По одличниот почеток на Маџари во кој ја добија првата четвртина со +1о разлика, врати Феникс со иста мера во вториот период, за да се замине на полувреме со „егал“.

Во второто полувреме двата тима се менуваа во водството, се до пред самиот крај кога Маџари направи предност од +5, но веднаш се вратија со серија гостите, па дојде до ново израмнување, па до уште едно. Домашните на крајот успеаја да дојдат до предност која беше недостижна за Феникс, за конечна победа.

Дајсон кај Феникс беше најефикасен со 23 поени, додека Рахама постигна 19. Кај победничката екипа Грин постигна 18, Стапелтон 16 поени.

Се вчитува...