Екипата на Маџари го одигра својот најдобар меч оваа сезона, славејќи со убедливи 78-64 на домашен терен против Гостивар, уште еден јасен доказ дека тимот на тренерот Тодоровиќ импресионира со игрите во својата дебитантска сезона во елитното друштво. Гостиварци во минатото коло го преслушаа Пелистер, но тренерот Петровиќ и неговите избраници денеска налетаа на поквалитетен и помотивиран противник кој знаеше како да стигне до посакуваниот резултат.
Дуелот беше израмнет само во првата четвртина што заврши со 15-15, по што Маџари на стартот од втората четвртина стигна и до двоцифрено водство. Гостиварци за момент се приближија, на одмор заминувајќи со 35-29, но Маџари беше тимот што имаше целоснна контрола над играта и резулатот и во преостанатите 20 минути. Цврстата одбрана беше заштитен знак на овој дуел, стигнувајќи до двоцифрено водство што знаеше како да го задржи до самиот крај и значајна победа изразена со конечните „плус 14“.
Амар Хот одигра извонреден меч со 15 поени и 18 скокови (дури 12 од нив офанзивни), 15 поени за Маџари имаше и Миловановиќ, а 14 реализираше Степлтон. Најефикасни кај Гостивар беа Абрам со 15 и Димитриевски со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

