Маџари повторно одлично се држеше, но ТФТ ја однесе победата

Уште еден драматичен пораз за кошаркарите на дебитантот Маџари во првенството на Македонија. Новиот прволигаш одлично се носеше со поискусниот противник, меѓутоа на крајот искуството пресуди, па тимот од Тафталиџе на крајот стигна до посакуваниот триумф. Дебитантот немаше среќа, трет меч во низа има водство на полувреме, а губи во неизвесна завршница.

Маџари се стекна со предност по првата четвртина од +2, а на полувремето замина со +8. На стартот од третиот период ТФТ ја топеше предноста на противникот, па стигна и до предност од +4, но пред самиот финиш Маџари стигна до водство и со еден поен замина во последниот период.

Двата тима се менуваа во водство во првата половина од четвртата четвртина, но откако од 69-70, домашните свртеа и дојдоа до 75-70, немаше веќе враќање за гостите. Стигнаа на крајот и до -1 (77-76), но немаа сила да дојдат до пресврт.

Ташовски беше најефикасен со 19 поени кај ТФТ, додека Лафаје кај Маџари со 17 беше најдобар кај поразениот тим.

Се вчитува...