Маџари се враќа „дома“, со две нови засилувања против МЗТ Скопје

Екипата на Маџари го одигра првиот дел од сезоната како домаќин во неколку различни сали,, но најпријатното изненадување во Супер-лигата конечно ќе се врати во својата населба почнувајќи од првиот меч во 2026 година.

Маџари в недела во 16 часот ќе го пречека шамионот МЗТ Скопје во салата во населба Маџари, мотив плус за избраниците на тренерот Миодраг Тодоровиќ да се престават во добро светло и да се обидат да го изненадат големиот фаворит.

А во дуелот со МЗТ тимот на Маџари ќе биде засилен со двајца нови кошаркари. Американецот Тери Армстронг има 25 години, пред неколку сезони настапуваше во АБА2 во тимот на Рогашка од Словенија, а последен клуб на овој крилен кошаркар бил колумбискиот Торос дел Вале.

Заедно со него своето деби за Маџари викендов ќе го има и Оливер Двојаковски. Крилниот центар доаѓа токму од редовите на МЗТ Скопје, каде не доби шанса и минатата седмица доби раскин на договорот, по што Двојаковски потпиша за Маџари и би требало да биде од значајна помош во борбата под обрачите.

Се вчитува...