Маџари со „101“ ја заврши 2025 година

Дебитантот во суперлигашкото друштво, екипата на Маџари за затвори 2025 година продолжувајќи ја победничката низа откако славеше во дуелот од 11. коло против Ангели со 77-101.

Избраниците на Тодоровиќ ја имаа фаворитската улога на денешната средба и истата ја оправдаа уште од воведот на средбата. Првата четвртина заврши со двоцифрена предност (12-25) за гостите кои до крајот на средбата продолжија да го диктираат темпото за трет триумф во низа, вкупно шестти во шампионатот.

Лидер на Ангели 19 поени и 7 скокови беше Ренг, додека по 18 поени за Маџари постигнаа Грин и Лукановски. Македонскиот центар дополни и девет скокови.

Првиот дел од сезоната Маџари го завршува со скор од шест победи и пет порази, додека Ангели остануваат заковани на дното на табелата со 10 порази во 11 натпревари.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...