Маџари со фуриозна последна четвртина до голема победа над Работнички

Кошаркарите на дебитантот во елитата Маџари стигнаа до нова голема победа откако денеска на домашен терен славеа против Работнички со 87-80 во меч од 7. коло од новата сезона во Првата лига.

Натпреварот почна израмнето па по десет минути игра гостите имаа минимална предност од 22-23. Тимот од градски парк одигра одлично во вториот период, па на пауза замина со девет поени позитива 38-47.

Во вториот дел новиот македонски прволигаш одигра на високо ниво, па на три минути до крајот успеа да го внесе натпреварот во егал завршница 73-73. Во клучните моменти од мечот се истакна Алек Петковски кој со погодена тројка и неколку клучни одбрани успеа да биде најзаслужен за победата на дебитантот во лигата Маџари од 87-80.

Џавон Грин со 25 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Џејкоб Хатсон постигна 19 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...