Кошаркарите на Маџари продолжуваат со одличните партии сезонава во кошаркарската Лига на Македонија и сигурно чекорот кон голем успех и пласман во плеј-офот од ова натпреварување.
Вечерва Маџари одигра уште еден неверојатен натпревар славејќи на домашен терен против Кожув со убедливи 89-61. Избраниците на Миодраг Тодоровиќ силно тргнаа уште од самиот старт и веќе на полувреме имаа убедлива предност од 44-25. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до крајот за триумф од 89-61. Томи Левис со 17 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Бојчев и Пурвис постигнаа по 11 поени.
Во вториот дуел од денешната програма МКК Куманово славеше над Гостивар со 90-75. Андрија Стевановиќ со 30 поени беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 22 поени на Јован Црниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

