Женската ракометна репрезентација на Македонија успеа да оствари нов одличен резултат, триумфирајќи со 22-37 на гостувањето против Азербејџан, победа со која нашата национална селекција вторпат по ред ќе биде дел од еден континентален собир.
Симона Маџовска по мечот изјави дека сите биле свесни дека ова е многу важен натпревар и среќна е што по 12 години повторно успеаја преку квалификации да се пласираат на ЕП.
„Сите бевме свесни и знаевме колку е важен овој натпревар за сите нас. Отворивме според договореното, па следеше мал пад, но брзо го надминавме. Шанса и поддршка добија сите девојки. Среќни сме што после 12 години го остваривме овој успех преку квалификации. Во недела нѐ чека уште еден натпревар кадешто сакаме со победа да го завршиме циклусот и да си го потврдиме пласманот на европското првенство“, изјави Маџовска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА