Македонската женска ракометна репрезентација настапот на Европското првенство го заврши во првата фаза откако не успеа да стигне до изненадувачка победа против фаворизираните Франција, Холандија и Романија. Нашите репрезентативки одиграа одлично прво полувреме на денешниот меч против Романките, но немаа сили за сензација во вториот дел.
Говорејќи за медиумите по натпреварот Симона Маџовски вели дека на репрезентацијата и недостасува искуство за вакви големи натпревари, а и жали за тоа што не ја израдуваа публиката во Скопје со голема победа.
„Само ние знаеме како ги издржавме претходните денови помеѓу натпреварите со сите негативни коментари кои сакале или не стигнаат до нас и ги читаме. Мислам дека се собравме психички… однапред знаевме дека не можеме да се надигруваме со Франција и Холандија бидејќи станува збор за големи репрезентации, но Романија како должник од баражот за Светско. Повеќе познат противник, посличен ракомет и покрај тоа што резултатот укажува на нешто друго, мислам дека во поголем дел од мечот бевме рамноправен противник. Покажавме дека можеме да се носиме со противникот и жал ми е што не ја израдувавме публиката“, вели Маџовска.
„Досега многу пати се зборуваше за нов систем и нов план, и покрај тоа што сме многу млада репрезентација имаме потенцијал и доколку тие го прифатат системот, имаат желба за надградување и напорно тренирање мислам дека можат далеку да стигнат и да го вратат сјајот на женскиот ракомет“
„Не продолживме во вториот круг и покрај тоа што ова беше финале за нас. Жал ми е, но дадовме се од себе. Доколку ги реализиравме зицерите од претходните натпревари можеше да биде и многу подобро. Желбата не недостасуваше, но недостасуваше концентрација во клучните моменти бидејќи имавме чисти позиции и со играч повеќе. Имавме и избрзани обиди, но тоа е се до желбата. Со цело срце секој сака да даде гол. Мислам дека недоставуа и искуство, а и покрај тоа што ни е трет натпревар со публика мислам дека сеуште сме под импресии. Повеќето од нас играат надвор од државата и друго е. Таму се странци, тука е друго чуството. Немам доживеано вакво нешто досега“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА