Маџовски опериран, камбек за еден месец

Македонскиот репрезентативец Бојан Маџовски го очекува пауза од нови триесетина дена откако врз крилниот ракометар беше извршен хируршки зафат по повредата на прстот на раката.

Маџовски се повреди на контролниот дуел со Чиле на почетокот од годинава, а токму поради оваа повреда тој не настапи на СП 2021 во Египет, каде беше предвидено да настапи како стартно лево крило. Откако првичните третмани не вродија со плод, врз крилниот ракометар мораше да биде извршен хируршки зафат.

„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека левото крило на екипата и репрезентативец на Македонија, Бојан Маџовски успешно го оперираше прстот на раката, кој го повреди на пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Чиле во Скопје, во јануари оваа година. Зафатот мина во најдобар ред и ракометарот го почнува периодот на рехабилитација. Неговото враќање на терените се очекува следниот месец“, информираше неговиот клуб Еурофарм Работник.

Се вчитува...