Екипата на Струмица успеа да доведе значајно засилување во своите редови откако потпиша договор со Филип Маџунков, репрезентативниот среден блокер кој се враќа назад во таборот на струмичани.
Македонскиот првак се подготвува за натпреварите од ЛШ на ЦЕВ против грчки Олимпијакос, а нема сомнеж дека Маџунков треба да биде еден од главните адути на тренерот Ричлиев на овој двомеч. Тој доаѓа во Струмица по една квалитетна сезона во белгискиот шампионат, каде настапуваше за Хасроде Лувен.
Маџунков има солидна интернационална кариера во која настапуваше за Јединство (Црна Гора), Гренобл (Фрацнија), Волфен (Германија) и Рибола Каштел (Хрватска).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА