Македонија загуби од Холандија со 0-3 во четвртиот натпревар од Групата Ц на Европското првенство 2023 која се игра во Скопје.
Веројатно очекувано ако се знае дека националниот тим не можеше да смета на капитенот Никола Ѓоргиев, кој почувствува болки во грбот пред самиот натпревар…
„Со оглед на околностите мислам дека на моменти одигравме и сосема рамноправно со Холанѓаните. Факт е дека ни недостасуваше капитенот Ѓоргиев, но јас лично сум задоволен од изданието со оглед на тоа што игравме против една селекција која во најдобрите десет во светот“ – истакна Маџунков по мечот и дополни:
„Секако за нас фокусот е натпреварот со Чешка, желбата е да дојдеме до триумф како би завршиле трети во групата што би било навистина одличен успех. Ние задачата со пласманот во осминафиналето си ја исполнивме на ова Европско првенство, а сега се понатака ќе биде плус. Со триумф над Чешка би ја избегнале моќната Италија во осминафиналето, но секако многу што ќе зависи и од тоа дали утре ќе го имаме на располагање и капитенот Никола Ѓоргиев“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА