Колективната игра беше наш заштитен знак во премиерната победа на ЕП над Данска, а особено пријатно изненадија нашите централни блокери, Маџунков и Савовски, кои дадоа огромен придонес во овој триумф.
Следен предизвик е денешниот натпревар со Црна Гора на кој влогот е пласман во осминафиналето, а Маџунков ги повика навивачите повторно да дојдат и да им дадат поддршка на нашите одбојкари.
„Никогаш немаме доживеано таква атмосфера како на првиот натпревар со Данска. Искрено се надевам дека исто ќе биде и на следниот меч со Црна Гора, публиката е наш играч плус на теренот и таа помош е навистина драгоцена. Го анализиравме противникот, се подготвивме исто како и за мечот со Данска, не потценуваме никого, и тие се на Европско првенство како и ние. Верувам во нашите квалитети, дека можеме да дојдеме до победа од 3-0 или 3-1, со што речиси сигурно би обезбедиле и осминафинале“, изјави Филип Маџунков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА