Одбојкарскиот репрезентативец Филип Манџунков, беше опериран и го санираше проблемот со десното колено. Операцијата беше успешна, и сега следува период на рехабилитација.
Македонскиот селектор Јошко Миленкоски нема да може да смета на него на натпреварите од ЦЕВ Европската Златна лига, но ќе биде подготвен за натпреварите со Грција и со Грузија во рамките од евро квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

