Мадрид би можел да има три екипи во Лигата на шампионите наредната сезона откако Хетафе славеше над Севилја со 3-0 и се искачи на четвртото место на табелата. Мадридскиот клуб кој е најпријатно изненадување во „Ла Лига“ сезонава покажа дека одлично се справува со притисокот, декласирајќи ја Севилја во еден од најзначајните натпревари во последните месеци.
Првите два гола Хетафе ги постигна од пенали, а при оној вториот Севилја остана и со играч помалку по исклучувањето на Ескудеро. Тоа значително им ја олесни задачата на домашните фудбалери, кои со вториот гол на Молина во 53. минута ставија печат на натпреварот.
Хетафе сега е четвртопласиран со 54 бода, два повеќе од Севилја, а во игра за место во ЛШ е и Валенсија со 49 бода и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА