Мадрид полесно дише: Роналдо сигурно ќе игра во финалето на ЛШ

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, дефинитивно ќе игра во финалето на Лигата на шампионите, на 26 мај во Киев. Иако постоеше мала сомнеж по синоќешната повреда на Португалецот на Ел Класико, со оглед дека беше повлечен од игра на полувремето, сепак, денешните лекарски прегледи покажаа дека не се работи за сериозна траума на десниот скочен зглоб. Роналдо ќе биде подготвен за настап за седум дена, и ќе има доволно време да се подготви да биде дел од големото финале.

Кристијано Роналдо заработи повреда при постигнувањето на првиот погодок за Реал Мадрид, кога Жерар Пике со лизгачки старт се обиде да интервенира пред самата гол – линија, удирајќи го Португалецот. Тој го одигра до крај првото полувреме, но потоа беше повлечен, а денешните лекарски прегледи покажаа дека повредата не е сериозна. Фановите на „кралскиот клуб“ можат да воздивнат.

Се вчитува...