Мадридско дерби во осминафиналето од Купот на Шпанија – традицијата е „кралска“

Осминафиналната ждрепка за Купот на Шпанија донесе мадридско дерби помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид по кое главниот град на Шпанија ќе остане со претставник помалку.

Интересно, историјата е во полза на „кралевите“ кои во девет од последние 12 пресметки со „јорганџиите“ во Куп натпреварувањето успеваа да поминат во следната фаза. Така беше и претходната сезона во која Реал Мадрид го одбрани домашниот терен со победа од 3-1 во четвртфиналето.

Ждрепката пак беше во полза на Барселона која за противник ќе го има Унионистас, додека македонскиот интернационаец Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валекано силите ќе си ги одмерат со сензацијата на сезоната во Шпанија, Жирона.

Во остнатите парови ќе се сретнат: Тенерифе и Мајорка, Гетафе и Севиља, Осасуна и Реал Сосиедад, Валенсија и Селта, и Атлетик Билбао и Алавес.

Се вчитува...