Мадридската фудбалска пресметка не понуди ниту дел од репертоарот што го имаат ѕвездите на Атлетико и на Реал. Дербито на „Ванда Метрополитано“ заврши без голови, а беше многу скромно и во поглед на создадените шанси. Тренерите Диего Симеоне и Зинедин Зидан имаа тактичка битка и на крајот заминаа веројатно среќни што не загубиле.
По ова, „кралевите“ го задржаа првото место на табелата во Ла Лига со 15 освоени бода, еден повеќе од Гранада и од Атлетико Мадрид, а два повеќе од Барселона.
Жоао Феликс беше најопасен кон голот на Тибо Куртоа, но без посебен ефект, а Карим Бензема ја имаше најубавата шанса за Реал Мадрид. Во 77.минута со удар со глава сериозни се закани, но Јан Облак успеа да одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА