Веспрем има осум гола предност во пресрет на утрешниот реванш од осминафиналето од Лигата на Шампионите, но ракометарите на унгарскиот гигант се свесни дека никако не смеат да си дозволат опуштање на дуелот на домашен терен.
Францускиот репрезентативец Кентан Мае потсети на претходните сезони во ЛШ кога Вардар успеваше да се врати од невозможни ситуации во елитното европско натпреварување, како јасно предупредување дека ракометарите на Веспрем мора да останат максимално фокусирани.
„Мораме да бидеме максимално сериозни и на овој втор натпревар. Секако, сакаме да се пласираме во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, знаеме дека имаме убава предност од Скопје, но исто така и треба да сме свесни дека Вардар е специјалист за пресврти во ЛШ низ годините. Овој тим надминал многу невозможни ситуации во изминатиот период, затоа мора да одиграме максимално ако сакаме да стигнеме до посакуваниот пласман во четвртфиналето“, истакна Мае.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА