Маестрален гол на Кејн за пласман на Тотенхем во следната рунда од ФА Купот (ВИДЕО)

Тотенхем си обезбеди место во четвртата рунда натпревари од англискиот ФА Куп откако славеше минимално, но доволно, со 1-0 против Портсмут.

Домашните беа подобар тим на теренот во текот на целиот натпревар, но до победата дојдоа благодарение на индивидуалениот потег на Хари Кејн.

Кејн во 50. минута испрати маестрален шут од 16 метри запишувајќи прекрасен погодок за победа од 1-0.

Се вчитува...