Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Војдан Стојановски со неверојатна партија го водеше По Ортез до убедлива победа над Ле Ман од 85-64.
Домаќините имаа проблеми само во првата четвртина која ја изгубија со 18-25. Во следните три периоди одиграа фуриозно и предводени од нашиот интернационалец успеаја да го прегазат противникот за конечни 85-64.
Војдан одигра скоро совршено. Постигна 21 поени со реализација од (4/9 за два и 3/4 за три поени), додавајќи уште пет асистенции и три скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА