Анжелика Митрашиновиќ одигра меч за паметење во дресот на швајцарски Фрибург, предводејќи го својот тим до триумф на гостувањето против Берое во второто коло од Еврокупот.
Најдобрата македонска кошаркарка одигра брилијантно во Бугарија, стигувајќи до фантастични 36 индексни поени на овој меч, што го заврши со 23 поени, пет скока и осум асистенции.
Сосема заслужено, Митрашиновиќ се најде и во идеалниот тим од второто коло од Еврокупот, а Македонката воедно е и во игра за МВП на второто коло.
They REALLY SHOWED OUT this week! 🌟
Who was your MVP of #EuroCupWomen Gameday 2? 👀
🗳️ CLICK & VOTE BELOW
— EuroCup Women (@EuroCupWomen) October 17, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

