Маестралната партија на Јокиќ недоволна, Минесота славеше во Денвер (ВИДЕО)

Минесота госовлада тимот на Денвер со 115-95 на гостински терен. Денвер со тоа ги загуби сите натпревари од Минесота во досегашниот тек од сезоната, и стана јасно дека овој противник не му „лежи“ на тимот на Мајк Мелоун. Од почетокот на март ова беше шести меч на Нагетси против тим кој е фаворит за пласман во пелј-офот сезонава, а Јокиќ и другарите серијата ја затвораат со ЛА Лејекрс во сабота.

Денвер шутираше исклучително лошо од три поени, имаше само седум тројки од неверојатни 30 обиди, додека Минесота имаше пристојни 43 проценти и 11 асистенции повеќе. „Волците“ заслужено славеа бидејќи водеа од стартот на мечот. Поведоа со 7:0, а во петтата минута дојде до двоцифрено водство, 14:4. Само во првата четвртина упатија пет тројки, а не помогнаа многу ниту 15-те поени на Јокиќ во тој дел од играта.

Денвер успеа да дојде до 43:39 со добра одбрана и серија од 10-0 при крајот на полувремето, но Едвардс брзо одговори, па резултатот по првите 24 минути беше 58:47 за Минесота.

Избраниците на Мајк Мелоун не можеа да најдат решение во нападот против агресивната одбрана на Минесота, па дури и кога ќе креираа отворен шут со добар потег, ќе промашат.

До крајот на мечот Минесота само го зголемуваше водството, а во последната четвртина дури и Мелоун сфати дека тимот не може да се врати во мечот, па не го ни врати Јокиќ во игра во преостанатите осум минути од мечот.

Србинот одигра уште една маестрална партија, а за 38 минути на теренот запиша 34 поени, осум скока и четири асистенции. Го следеше Расел Вестбрук со 19 поени. Џамал ​​Мареј уште еднаш покажа недоследност, постигнувајќи само 12 поени.

Тимбервулфс ги предводеа Ентони Едвардс со 29 поени и Џулиус Рендл со 25 поени.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Атланта – Шарлот 123:110
Бостон – Оклахома 112:118
Торонто – Филаделфија 108:105
Хјустон – Финикс 111:104
Мемфис – Јута 122:115
Мајами – ЛА Клиперси 104:119
Сан Антонио – Далас 126:116
Денвер – Минесота 95:115
Портланд – Њујорк 112:111

Се вчитува...