Маестралниот Димитријевиќ донесе победа на Милано

Ненад Димитријевиќ влегува во топ-форма и во дресот на Олимпија Милано, откако по двомесечната адаптација македоснкиот репрезентативец сега се наметнува и како лидер во новиот клуб. По извонредното издание во евролигашката победа над Реал Мадрид, Македонецот блесна и на денешниот дуел со Венеција во италијанското првенство, носејќи победа на својот тим од миниминални 79-78.

Милано во минатото коло од италјанското првенство беше демолиран од Тренто со 91-57, меч што Димитријевиќ го пропушти поради ситна повреда, но нашиот ас игра маестрално по камбекот.

Тој беше главен играч и денеска, преземајќи контрола во втората четвртина во која Милано почна да се одлепува. Италијанскиот шампион имаше двоцифрена предност, Венеција опасно се приближи на 74-72, но токму Димитријевиќ ја постигна клучна тројката за триумф на својот тим.

Македонскиот плејмејкер го заврши мечот со дабл-дабл од 17 поени и 10 асистенции, како прв стрелец на тимот пред Ледеј и Болмаро со по 16 поени.

Се вчитува...