Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров потсетувајќи на бројни свои извонредни партии донесе победа од 28-29 (14-10) за Нант на гостувањето против Шамбери во францускиот шампионат.
Лазаров, буквално во последната секунда од мечот, погоди за осма победа на својот тим. Македонскиот ракометар беше и најефикасен на средбата со шест гола од десет обиди, дополнети и со пет асистенции.
По 11-то коло во Франција, Нант е на петтото место на табелата со осум победи и три порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА