Се што треба е малку верба во него, а Енис Барди знае како да возврати. Го увиде тоа и новиот тренер на Леванте, кој денеска на гостувањето против Атлетик Билбао му даде шанса на македонскиот ас, а овој возврати со несекојдневно достигнување, постигнувајќи два прекрасни погодоци од слободен удар за само неколку минути.
Атлетик до пред самиот крај на полувремето имаше предност од 1-0, пред Барди набрзина да смести два проектили во мрежата на домаќините на „Сан Мамеш“. Кепа важи за еден од најталентираните шпански голмани, минатиот викенд тој го откажа Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, но вечерва нема одговор за македонскиот феномен во Примера, Енис Барди.
Нашиот ас најпрвин биеше прецизно од скратен корнер, а вториот пат повторно шутираше откосо, но тоа не му пречеше да го матира домашниот голман, за тотален молк на домашните фанови на „Сан Мамеш“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА