Маестро Дончиќ праќа Американци „по бурек“ (ВИДЕО)

Зад Лука Дончиќ е уште една феноменална партија во НБА лигата во која го предводеше својот тим до место во плејофот со 35 поени, 13 скока и 9 асистенции против Кливленд, а еден потег на Словнецот стана хит на социјалните мрежи.

Имено, во втората четвртина при продор во рекетот „по бурек“ го прати Мозес Браун, кој најверојатно не знае што е бурек па сеуште се чуди каде се наоѓа.

„Сакам да играм во Кливленд бидејќи тука живеат многу Словенци. Денеска видов многу од нив и секогаш е добро кога ќе ја почувствувам нивата поддршка. Сакав за нив да направам шоу“, изјави по натпреварот Словенецот.

Се вчитува...