Мафеу има 20 години, го стави Меси „во џеб“, па одби и дрес од него

Лионел Меси минатата седмица го растури Еибар, но потоа најдобриот фудбалер на Барселона беше „невидлив“ на дуелот со Џирона. Барса славеше со 0-3, но Меси беше предалеку од посакуваниот ритам, пред се поради извонредната одбрана што против него ја одигра Пабло Мафеу, младиот дефанзивец на Манчестер сити кој веќе втора година настапува на позајмица во Џирона.

Аргентинецот и самиот беше изненаден од одличниот настап на противничкиот играч, па камерите го фатија како во еден момент го прашува: Цел ден си со мене? Колку години имаш?

Мафеу пак открива која била неговата тајна при дуелите со најдобриот фудбалер на денешницата.

„Имав една задача – да го следам Меси. Најважно кога го чувате е да размислувате за него како за нормален човек со две нозе и две раце, а не како Бог. Секако, морате константно да бидете сконцентрирани, доволна му е една секунда за да направи разлика и да постигне гол“ – истакна 2о-годишниот Мафеу.

За целата ситуација да биде уште поинтересна, по мечот му бил понуден дресот на Лео Меси, но дефанзивецот на Џирона го одбил тоа.

Тој е најдобар во светот, но јас му ветив на еден пријател дека ќе му донесам дрес од Марк тер Штеген. Пријателите сепак ми се поважни од Меси“ – скромно изјави Мафеу.

 

Се вчитува...