Магдебург без предност патува на реванш кај Веспрем

Иако Веспрем во текот на поголемиот дел од мечот имаше предност на гостувањето кај Магдебург, сепак, на крајот можеше да биде и поразен. Меѓутоа мечот заврши нерешено 26-26, па патникот во Ф4 во Келн ќе се решава на реваншот во Унгарија.

Веспрем одлично го почна мечот, брз дојде до три гола предност, но Магдебург некако успеваше да се врати и да го „држи“ резултатот во егал, или да има негатива од еден гол. Но, во финишот од првото полувреме Унгарците стигнаа до посакуваните три гола предност, и на полувреме заминаа со 11-14.

На моменти во вториот дел, Веспрем имаше и +4, но ги прокоцка во финишот од мечот. Клучно беше кога Унгарците имаа предност од 18-22, а потоа домашните стигнаа до 22-22. Потоа Веспрем одново поведе, па Магдебург во финишот се стекна со предност од 26-25. Гостите успеаја да израмнат, и така реваншот да го дочекаат практично „од почеток“.

Лудовик Фабрегас од Веспрем беше најефикасен со девет голови, додека кај Магдебург најефикасен беше Лагергрен со седум гола.

Се вчитува...