Актуелниот европски шампион Магдебург стигна до првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен ја оправда фаворитската улога против словенечки Целје (39-23).
Германците уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми, откако по 30 минути игра имаа предност од 20-13. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 39-23.
Омар Инги Магнусон со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените по четири постигнаа Лука Периќ, Анте Иванковиќ и Вид Каичник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА