Германскиот ракометен шампион Магдебург е првиот финалист на годинашното издание на Светското клупско првенство „Супер-глоуб“. Бунеслигашот во првото полуфинале славеше над египетскиот Ал-Ахли со 36-28.
Египќаните пружија голем отпор против фаворитот. Посебно во првиот дел одиграа неверојатно, а на пауза имаа негатива од само еден гол 18-17. Сепак, поголемото исксутво на Германците беше клучно во вториот дел. Успеаја да се одлепат и на крајот да стигнат до конечен триумф од 36-28.
Во второто полуфинале во европскиот класик и реприза на минатогодишниото финале во Лигата на шампионите ќе се сретнат Барселона и Кјелце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

