Магдебург е првиот финалист во Лигата на Европа

Ракометарите на Магдебург се првите финалисти во премиернето издание на новата Лига на Европа, откако во полуфиналето ја совладаа полската Висла Плоцк со 30-29. Полјаците подобро го отворија натпреварот и по 30. минути игра имаа позитива од два гола 13-15.

Сепак, Бундеслигашот одигра неверојатно во последната четвртина од натпреварот и на крајот успеа да триумфира со 30-29 и да биде учесник во првото историско финале на Ф4 во новото натпреварување под капата на ЕХФ. Магнусен и Дамгард со по шест гола беа најдобри поединци кај победникот, додека кај поразените Шита и Крајевски завршија со по седум гола.

Во финалето сигурно е дека ќе гледаме германски дуел, бидејќи во вториот полуфинален меч се среќаваат Рајн Некар Левен и Фуксе Берлин.

Се вчитува...