Актуелниот европски шампион Магдебург стигна до четвртата победа во низа во Лигата на шампионите откако вечерва славеше на гостувањето кај францускиот Монпелје со 25-28.
Домаќините беа подобар противник во првото полувреме, а одличната игра ја материјализираа со позитива од два гола на полувреме 14-12. Бундеслигашот заигра на повисоко ниво во вториот дел и на крајот успеа да стигне до целосен пресврт и конечен триумф од 25-28.
Матијас Муше со шест гола беше најефикасен кај побендикот, додека кај поразените недоволни беа деветте гола на Себастијан Карлслон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА