Ракометарите на Магдебург за седум дена покажаа две дијаметрално спротивни лица, најпрвин загубија на гостувањето во Загреб со 22-18 и им се извинуваа на своите навивачи, за вечерва на домашен терен да му одржат лекција на гигантот Барселона.
Каталонците допатуваа како фаворити, но налетаа на максимално мотивираниот домашен состав, кој знаеше како да одигра во високо темпо во завршницата и на крајот да стигне до заслужена победа. Дуелот беше егал се до 22-22, по што Магдебург направи серија од 5-0, се одлепи резултатски и заслужено се радуваше на триумф.
Голманот Фернандез бранеше извонредно на голот на Магдебург со 18 одбрани и 45% успешност, најефикасни кај Магдебург беа Магнусон со осум и Зендер со седум гола, додека прв стрелец на Барса во овој пораз беше Мелвин Ричардсон со четири гола, но од дури десет обиди.
Нант се искачи на третото место во својата група откако францускиот тим триумфираше со 22-25 на гостувањето против Загреб. Турна со седум гола ги предводеше стрелците во победничкиот тим, а најефикасен кај Загреб беше Патрик Валчак со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА