Ракометарите на Магдебург направија голем чекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако вечерва славеа на гостувањето кај Динамо Букурешт со 26-30.
Гостите одлично го отворија натпреварот. Го полнеа голот на противникот буквално од секоја позиција, а по триесет минути игра имаа предност од пет гола 11-16.
Во второто полувреме Романците успеаја да намалат само еден гол од негативата, па на крајот Бундеслигашот да слави со 26-30. Maгнусон со шест гола беше прво име кај победникот, додека со ист број голови кај поразените заврши Акименко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА