Магдевски дебитираше со 10 поени и победа за Донар Гронинген

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски со победа дебитираше во дресот на својот нов клуб Донар Гронинген во холандскиот шампионат.

Магдевски по заминувањето од МЗТ Скопје одигра одличен деби-натпревар во победата на Донар од 72-69 против Ланштад Хамерс, клуб на кој генерален менаџер е поранешниот македонски селектор Ацо Тодоров.

За околу 20 минути на паркетот, Магдевски запиша 10 поени за својот тим дополнети и со четири асистенции и два скока. Најефикасен во победничкиот тим беше Гадефорс со 18 постигнати поени.

Се вчитува...