Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Магдевски и неговиот Плоешти им се вратија на победите во домашниот шампионат. По двата порази во низа, Плоешти денеска на домашен терен славеше над Меркуреа со убедливи 79-65.
Уште од самиот старт домаќините уфрлија во повисока брзина и по десет минути игра веќе имаа двоцифрена предност (26-16). Гостите заиграа далеку подобро во вториот период и на пауза заминаа со негатива од седум поени (42-35).
Магдевски и соиграчите одиграа одлично во одбраната во третиот период во кој ги разрешија сите дилеми околу победникот бидејќи по три четвртини од натпреварот имаа огромни 60-42. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 79-65.
Магдевски имаше скромна партија завршувајќи го натпреварот со два поени, надополнети со три асистенции и три скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА