Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Магдевски одличната сезона во романскиот Плоешти ја круниса со учество на „Ол-стар“ натпреварот во Националната кошаркарска лига на Романија.
Македонскиот интернационалец летово од МЗТ Скопје премина во Плоешти, каде што веднаш се наметна и сезонава е еден од најдобрите кошаркари на овој тим. Тој е единствен кошаркар од својот тим кој доби повик на натпреварот на сите ѕвезди.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА