Магдевски: Нема да се предадеме против Унгарија и Романија, иако не сме фаворити

Искусниот Андреј Магдевски треба да биде еден од предводниците на новата подмладена македонска репрезентација низ престојната втора претквалификациска фаза за пласман на Мундобаскетот во 2027 година.

Македонија ја очекуваат четири дуели од групата, по два против Унгарија и Романија, а Магдевски нагласува дека подготовките минуваат низ максимално позитивна атмосфера.

„За овие неколку дена од подготовките, имам само пофални зборови за сите момци, сите ги слушаат тренерите и тренираат со висок интензитет, имаат желба и мотивација за напредок и за докажување. Атмосферата во екипата е на едно завидно и природно ниво, полека се запознаваме подобро и се надевам дека сето тоа ќе го пренесеме заедно на терен. Најважно е да останеме здрави до официјалните натпревари, да се обидеме да се спремиме што подобро во овој краток временски период“ – ни изјави Магдевски, притоа дополнувајќи:

„Мојот совет би бил да продолжат во исто темпо, па дури и за нијанса појако. На претстојните натпревари мора да се опуштат, да уживаат и да го дадат својот максимум за овој дрес. Треба да им помогнеме на помладите да се вклопат што побрзо и да се борат за секоја топка. Нема да се предадеме во ниту еден случај, иако не сме фаворити, очекувам да бидеме потценети и тоа би била шанса да ја искористиме во наша корист“.

Се вчитува...