По репрезентативните настапи, македонскиот интернационалец Андреј Магдевски се врати на обврските во својот клуб, романскиот Плоешти кој вечерва загуби на домашен терен од Темишвар со 85-93 во натпревар од 21. коло во националната лига на Романија.
Гостите во текот на целиот меч беа подобар противник од домаќинот и сосема заслужено стигнаа на крајот до полн плен. Магдевски на теренот помина 26 минути во кои запиша 12 поени, надополнети со десет асистенции и пет скока.
Со овој пораз Плоешти останува на 12. позиција на првенствената табела со скор од осум победи и десет порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА