Машката кошаркарска репрезентација отпатува за Белград каде во наредните два дена ќе ги има двете проверки во периодот на подготовките пред олимписките претквалификации во Талин.
Како спаринг партнер за овие тест-натпревари, нашиот стручен тим, предводен од селекторот Александар Јончевски ќе ја има Полска
Еден од најискусните во ростерот, Андреј Магдевски вели дека Полска е одличен противник за да се види до каде се нашите можности во моментот.
„Нè очекуваат два пријателски натпревари против Полска која ја победи Словенија лани на ЕП, што значи дека ова ќе биде вистински испит пред тоа што ни следи. Одиме во изменет состав, спој на искусни и млади играчи и ќе видиме до кај сме со нашата моментална форма. Најбитно е да се покажеме во добро светло, без разлика на резултатот, и да се вратиме дома сите здрави“, вели Магдевски.
Согласно договореното, натпреварите помеѓу репрезентациите на Македонија и на Полска ќе се играат во спортскиот центар „Ранко Жеравица“во Белград. Првиот меч е закажан за 5. август (сабота), со почеток од 18 часот). А по кратко време за одмор, во недела на пладне, од 12 часот, на истото место ќе се игра и вториот натпревар, по што нашата експедиција се враќа во Скопје каде ќе ги одработи последните денови од подготовките пред заминувањето за Естонија, планирано за 10. август..
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА