Андреј Магдевски по една година пауза повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје откако репрезентативниот плејмејкер денеска и официјално потпиша двогодишен договор со „металците“. Тој лани ги бранеше боите на романскиот прволигаш Плоешти, но по влезот на МЗТ во АБА1 се интензивираа разговорите за негов камбек меѓу аеродромци, што денеска и официјално вродија со плод.
Ова значи негово враќање во Аеродром по едногодишниот настап во Романија. Магдевски претходно три сезони повеќе од успешно ја организираше играта на сино-белата чета, со која дојде до две шампионски титули (2019 и 2021), а беше избран и за МВП на финалната серија во сезоната 2020/21. Претходно, тој мина низ младинските категории на Реал Мадрид, беше дел од кампот на Мајкл Џордан, а настапуваше и за Партизан.
Магдевски е деветтиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

