Магдевски: Сите противници во квалификациската група заслужуваат почит

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците за претквалификациите за Евробаскет 2029, а ждрепката им беше наклонета на нашите кошаркари кои добија одлични ривали за да стигнат до главните квалификации за овој европски шампионат.

Луксембург, Република Ирска и Азербејџан ќе бидат ривали на избраниците на Марјан Илиевски, селекции без кошаркарско реноме кои мора да бидат совладани за да почнеме да чекориме напред откако повторно го допревме дното и бевме преселени во претквалификациите.

Eден од најискусните во репрезентацијата, Андреј Магдевски вели дека иако ова се репрезентации кои немаат кошаркарско минато, сепак заслужуваат почит.

„Не не чека лесен пат, затоа што репрезентациите на Ирска, Азербејџан и Луксембург кои ни се ривали во групата, заслужуваат почит. Во последните години вложуваат и напредуваат во кошарката. Искрено се надевам дека сите ќе бидеме здрави, без повреди во ноември, и овие претквалификации ќе ги започнеме со позитивен скор“, изјави Магдевски. 

Се вчитува...