Македонскиот кошаркарски интернационалец Андреј Магдевски и неговиот Плоешти доживеаја нов пораз во роаманскиот шампионат. Тие вечерва беа поразени на гостувањето кај Констанца со 86-71 во 22. рунда од националниот шампионат.
Уште во првата четвртина беше решен победникот, откако домаќините ја добија со петнаесет поени разлика 28-13. Во вториот период Магдевски и соиграчите заиграа подобро, но следеше нов пад во третата четвртина по која резултатот на семафорот изнесуваше (71-54). До крајот домаќините само го исконтролираа резултатот за конечни 86-71.
Магдевски натпреварот го заврши со десет поени, седум скока и пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА