Македонската кошаркарска репрезентација со два пораза го комплетираше првиот квалфикациски прозорец за пласман на Еропското првенство во 2021 година. Иако во многу подобро издание во однос на разочарувањето против Естонија, денеска нашите најдобри кошаркари сепак загубија на гостувањето кај Русија. Еден од најдобрите играчи во нашиот табор, Андреј Магдевски сепак не го обесхрабрува лошиот влез во циклусот.
„Со ваква игра како денес и како во второто полувреме во натпреварот со Естонија можеме да се надеваме на пласман на ЕП. Денеска покажавме цврста игра и карактер. Но, за жал одлучија детали за овој пораз. Треба да се верува во овој тим. Не е ништо завршено ќе се бориме до крај“– порача Магдевски.
Нашата селекција е последнопласирана во групата Б со 2 бода и со нив ќе влезе во продолжението од квалификациите во ноември кога ја очекува меч со Италија во гости како и возвратниот натпревар со Естонците на нивни терен. По две одиграни кола, Италија која како домаќин секако има пласман на ЕП, има максимлани четири бода, Естонија и Русија имаат по три.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА