Магичен гол на Барса: Тика-така во сиот свој сјај

Барселона држи час по фудбал на гостувањето против Елче, а вториот погодок на каталонскиот гигант е ремек-дело за кое уште долго ќе се зборува.

Филозофијата за тика-така беше целосно спроведена на дело… се почна од едно додавање од голманот Гарсија до Френки де Јонг на сопствената половина… продолжи до Феран Торес кој со магично додавање го проигра Де Јонг, кој излезе очи в очи со домашниот голман.

Тоа не беше крај на фудбалската магија, Де Јонг си поигруваше со голманот, а потоа реши да одигра повратна топка до Торес, кој со силен удар ја смести под гредата.

Оваа фудбалска мајсторија на каталонскиот гигант може да се проследи на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...