Магичен протег на Србинот: Мициќ го прати Кевин Дурент „по бурек“ (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Василије Мициќ бележи одлични настапи во НБА лигата по трејдот во Шарлот. Бекот одново го предводеше својот тим, овој пат со 21 поен во поразот од Феникс, а на натпреварот имаше и неверојатен дриблинг потег кој долго ќе се врти на најавните шпици.

Србинот се најде во „еден на еден“ ситуација со Кевин Дурент, а по „кросовер“ дриблинг зад грбот го прати славниот Американец „по бурек“ па стана хит на социјалните мрежи.

Се вчитува...