Магична вечер на Лука Дончиќ…, Јокиќ го „растури“ ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

Словенецот Лука Дончиќ имаше уште една магична вечер за себе, со 39 поени, осум скока и 11 асистенции предводејќи го Далас до победата против Њујорк никс од 122-110.

Дончиќ погоди седум тројки од 14 обиди, но беше расположен и за асистенции за своите соиграчи.

Мечот го одбележа и неговото извонредно додавање од почетокот на средбата кое ги воодушеви Американците….

Никола Јокиќ, пак, ги „растури“ ЛА Лејкерс за победа на Денвер од 106-114. Српскиот центар стандардно одличен, сега со 24 поени, 13 скока и 9 асистенции.

Во редовите на ЛА Лејкерс, Дејвис заврши со 32 поени, а Леброн Џејмс запиша 25 поени.

Се вчитува...