Магичниот Лука со песни од Тоше Проески се подготвува за мечевите во НБА (ФОТО)

Кошаркарите на Далас Маверикс стигнаа до првата победа сезонава во НБА лигата откако синоќа славеа на домашен терен проти Мемфис Гризлис со убедливи 137-96.

Прво име во победничкиот табор очекувано беше Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 32 поени, надополнети со седум скока и десет асистенции. Пред синоќешниот натпревар на пат кон „Американ ерлајнс центарот“, Словенецот се опушташе со хитот на Тоше Проески „Ако ме погледнеш во очи“.

Се вчитува...